1.6 C
Прилеп
петок, 17 јануари, 2025
Пела Радио

Прилеп се подготвува за карневалот Прочка

Општина Прилеп и здружението на граѓани „Прилепски мечкари“, ги започнаа подготовките за годинешното издание на меѓународниот карневал „Прочка 2018“. Од 16 до 19-ти февруари, по 17-ти пат, низ прилепските улици ќе продефилираат околу 1.000 учесници на карневалот, меѓу кои и гости од повеќе европски држави.

Претседателот на здружението на граѓани „Прилепски мечкари“, Ванчо Георгиев, вели дека низ годините наназад карневалот прераснал во респектабилна манифестација, која се вбројува меѓу најдобрите на Балканот. Според него, тоа што градоначалникот, Илија Јованоски во целост ја прифатил предложената програма за „Прочка 2018“, гарантира дека и оваа година прилепскиот карневал ќе го задржи реномето.

 

„Локалната самоуправа останува главниот двигател на карневалот. Градоначалникот Јованоски ја прифати целата програма што му ја предложи здружението, што значи дека пред прилепчани ќе се претстават околу 1.000 учесници со повеќе од 100 маски. И оваа година, исто како и минатата, очекуваме над 300 гости од Италија, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и Албанија“, вели Георгиев.

На меѓународниот карневал „Прочка 2018“, прилепчани ќе можат да видат традиционални, современи и детски маски.

Пријавата за учество на годинешниот 17-ти меѓународен карневал „Прочка 2018“, како и повеќе информации за оваа манифестација на www.karnevalprilep.mk

Би можело да ве интересира

Културата е секогаш на крај, a некогаш не е ни таму!

Пела Редакција

Концертот со песни на Пинк Флојд во Прилеп, за мене има посебно емотивно значење

Пела Редакција

Театарот влегува во затворот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе