1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Расте бројот на туристи во Крушево

Крушево очекува над 1000 посетители за време на Новогодишните празници, а градот е подготвен да ги пречека сите оние кои ќе одлучат Новата година да ја дочекаат во Крушево.

Според наплатата на туристичката такса, градските власти тврдат дека бројот на туристи во Крушево секоја година се зголемува . Во првите 10 месеци од годинава бројот на туристи е поголем од бројот на посетители во 2016 година, а растот во споредба со првите 10 месеци од 2018 година изнесува дури 17%

„ Во првите 10 месеци од годинава имаме околу 2 000 посетители повеќе во споредба со цела 2016 година, односно над 16 000 посетители со најмалку едно ноќевање го посетиле Крушево. Оваа бројка е  поголема ,бидјеќи сеуште постои прикривање на туристичката такса во домашното сместување,“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Општина Крушево имплементираше многу проекти од областа на туризмот. Новина е  дека Владата  одвои годинава 4,2 милиони денари за реконструкција на полетиштето за параглајдери и изградба на објект за следење на натпреварите , по што Крушево очекува поголем туристички бран, поврзано со оваа спортска дисциплина.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Јованоски како лекар се вклучува во борбата со Ковид

Гордана Цветаноска

Македонски научни институции: Унилатералната изјава на РС Македонија е груб фалсификат !

Над половина од направените брзи Ковид тестови во Прилеп, со позитивни резултати

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе