На 20 декември во хотел Континентал во Скопје, се одржа конференција на тема „Заедно за превенција против родово базирано насилство“. Оваа конференција всушност е завршна активност од проектот „Акции против родово базирано насилство кај ромски и други маргинализирани заедници“, кој е финансиран од Германската Амбасада во Скопје.
За одбележување е што на оваа конференција имаше шеесетина претставници од сите краеви на нашата држава и тоа претставници од различни сектори како владини, општински, граѓански, меѓународни организации и медиуми. На оваа средба беа презентирани резултатите кои ги постигна овој проект во изминатата година, а потоа се разговараше и за предизвиците со родово базираното насилство.
На оваа конференција присуствуваше и Katrin Frühinsfeld– Прв Секретар Германска Амбасада Скопје, која ја поздрави конференцијата и се обрати до присутните.
Свои обраќања на настанот имаа м-р Елена Грозданова, Државен советник за еднакви можности од Министерствоза труд и социјална политика, Дејан Тошески – Директор на Меѓуопштински центар за социјална работа во Прилеп, Ајша Муаремоска – претставник од Комисијата за еднакви можности – Општина Долнени, координаторот на проектот и експертите кои работеле со жртвитево рамките на проектот.
Конференцијата донесе размена на искуства на присутните, дискусија за одредени состојби и проблеми со родово базираното насилство во сите сфери на живеење и секако заврши со препораки да се продолжи да се работи на полето на помош на жртви од родово базирано насилство, но и да се работи на превенција на родово базирано насилство во делот на работа со млади, кампањи и слично.
следна вест