29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Комфи Ангел – предновогодишна распродажба за уште една хуманитарна акција

Пред крајот на годината, компанијата Комфи Ангел позната по своите донаторски и хуманитарни иницијативи, повторно стапува во акција. Овој пат станува збор за продажба на украсни производи, перници и јоргани, при што, дел од средствата ќе бидат наменети за помош на дневниот центар „Порака“ Прилеп.
– Ве покануваме и повикуваме заедно да ја направиме посреќна и повесела Новата Година на децата и лицата со попреченост од дневниот центар “ПОРАКА” Прилеп, се вели во апелот од компанијата на официјалната фејсбук страна.
Предновогодишна хуманитарна распродажба на производите Комфи Ангел ќе се реализира на 21 и 22 декември, (сабота и недела) со почеток од 09 часот до 17 часот во НУЦК Марко Цепенков – Прилеп.
Воедно, од компанијата покануваат на дружба и забава на најмладите со Дедо Мраз која што ќе се одржи за време на распродажбата.

Би можело да ве интересира

Прилеп в недела неколку часа ќе остане без струја

Пела Редакција

Проданоски: Населбата „Градина“ треба да биде новата иднина на Прилеп

Женско е првороденото бебе во 2023 та во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе