7.5 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Млади до 23 години ќе добиваат допоплнителни 3.000 денари ако работат во производство

Младите до 23 години, по завршување на средно образование ќе добиваат дополнително по 3.000 денари на нивните сметки, ако работат во производството. Тоа го предвидува Законот за младински додаток кој вечерва го изгласаа пратениците.

Целта е да се стимулират младите за запишување во средни стручни училишта , да се поттикне вработувањето во производството  и да им се даде поддршка на младите што се вработени во производните области. Парите за младински додаток  ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за законот.

Би можело да ве интересира

Моќта е во рацете на граѓаните

Гордана Цветаноска

ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ, ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО ПРИЛЕП

Пела Редакција

СОУ „Ѓорче Петров“ доби донација од Комфи Ангел

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе