-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Заработка преку иновативен метод за рециклажа на отпад

Пакомак ќе се обиде да ги мотивира граѓаните на Македонија да се приклучат на едноставен начин со користење на повратни вендинг машини т.н. наречени SmartBin, кои ќе функционираат во рамките на ecoMac – систем на стимулација. Имено, системот ќе ги наградува луѓето кои што селективно одложуваат отпад преку награди, попусти или некои останати придобивки. Ова е за прв пат во Македонија и претставува вистинска иновација на полето на собирање и рециклирање на комунален отпад.
Граѓаните ќе се мотивираат што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад, а со самото учество во процесот да бидат соодветно наградени со т.н “зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.). На почетокот, Пакомак ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување на машини на целата територија на Македонија. Првиот прототип се очекува во првата половина од годинава.
ПВМ на Пакомак ќе примаат пластични шишиња и лименки. Преку посебна апликација на својот мобилен телефон граѓаните ќе собираат т.н. зелени поени. Бизнис моделот на Пакомак ќе вклучи мрежа од јавни институции, општини, производни компании, а во секој момент ќе има и податок колку парчиња амбалажен отпад се рециклирани, од кој бренд се тие и кој материјал. Исто така, системот на Пакомак ќе препознава кои граѓани се најеколошки совесни и рециклираат најмногу шишиња во текот на годината, со што се дава можност за добивање на дополнителни бенефити за тие совесни граѓани.
Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива проивзод), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Започна како експеримент во 1970-тите во Норвешка, а денеска е многу успешен глобален проект поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.
Иако досега не беа застапени во Македонија, повратните вендинг машини не се нов концепт во светот. Вообичаено, постојните ПВМ работат на многу едноставен концепт: корисникот/ граѓанинот во машината става отпад за рециклирање во форма на производ (пластично шише, лименка, стаклено шише), а за возврат добива вредносен купон или пари.

Би можело да ве интересира

Аплицирајте за клима инвертер и велосипед, ова се условите:

Гордана Цветаноска

Со љубов засадената шумичка кај Селце им се спротивстави и на пожарите и на сушата

Пела Редакција

Инспекцијата на терен, а резултатот непознат за „белата вода“ во Прилепското езеро

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе