1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Макрадули: Во Македонија нема опасен отпад за депонирање

Нема сомнителен индустриски отпад во Македонија. Секој отпад во Македонија се контролира.Во државата не се увезува отпад за да се депонира, тврди заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

„ Има процедури со кои секој отпад кој се увезува се контролира. Процедурата потпаѓа под таа Базелска конвенција каде сме потписници. Компанијата од државата од која се извезува отпад аплицира во нивното Министерство за животна средина и аплицира во сите министерства на државите во кои треба да помине, а компанијата која увезува аплицира и во нашето Министерство.

Во државава не се депонира странски отпад кој е забранет со закон. Единствено може да се увезе отпад за да се обработи, да се рециклира и да му се даде додадена вредност ,а опасниот отпад од ОХИС просторот , целосно е отстранет.  Над 15 тони  се извезени во Швајцарија, бидејќи таму постои соодветна технологија за негово безопасно уништување.“  рече заменик министерот за животна средина  Јани Макрадули,при посетата на Прилеп

Минатата година биле извезени  4 илјади и 200 тони,  а биле внесени  над  2 илјади и 500 тони отпад од пластични шишиња ,акумулатори  и старо железо кои во земјава се преработуваат .

 

СОМНИТЕЛНИОТ ОТПАД ЗАПРЕН НА „БОГОРОДИЦА“ ОСТАНУВА НА ЦАРИНСКИОТ ТЕРМИНАЛ

 

Што се однесува до единаесете камионите со 268 тони отпад од УСЈЕ кои се запрени на граничниот премин „Богородица“ тој тврди дека се анализираат примероците и дека ништо нема да се препушти на случајот додека не биде безбедно,

Камионите нема да се пропуштаат додека не стигнат анализите. И пред два-три месеци кога имаше контроли, не беа најдени неправилности. Но, во интерес на смирување на јавноста и во општ интерес на здравјето на граѓаните, ние сакаме да покажеме сигурност и капацитет на функционирањето на институциите“ – рече Макрадули.во Прилеп

                       

                      ЕКО АКТИВИСТИТЕ УТРЕ  ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ УВОЗОТ НА ОТПАД

 

 

Утре, утре повеќе невладини организации најавуваат протест со барање за комплетно да се стопира,забрани,  увозот на отпад во земјава, па и оној за согорување.Макрадули за ова кртко изајви:

 

 

„Работите не може да ги решите со забрана, туку со мониторирање, дебти законски регулирања. Токму на овој начин се гради довербата на институциите спрема граѓаните, со користење на најдобри практики и технологии. Само на тој начин може да се развива нашата држава“, изјави Макрадули при посетата на Прилеп

 

Би можело да ве интересира

Со љубов засадената шумичка кај Селце им се спротивстави и на пожарите и на сушата

Пела Редакција

Диви депони „никнуваат“ во сите маала. Комуналците со полни раце работа

Елизабета Филипоска

Прилепчанка: „Не може Комуналец да наваса, колку што ние можеме да покењаме…“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе