14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Прилепските и долненските тутунари протестираа

Патниот правец Прилеп-Плетвар денеска беше затворен за сообраќај од 10 часот во траење од 1 часот од прилепски тутунари. Земјоделците бараат реална проценка на тутунот. Велат дека од 1 јануари тутунот не се откупува, а оној кој се презема се плаќа за класа пониско. Тие бараат да се зголеми откупната цената и сите откупни пунктови да проработат.
Воедно тие бараат итна средба со ресорниот министер Трајан Димковски, со цел да го запознаат со фактичката состојба и изнаоѓање на решение. Тутунарите бараат да се направат корекции во легислативата и закон со кој ќе се забрани увозот на тутун во Македонија.
Доколку нивните барања не се оствараат тутунарите најавуваат дека ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патишта.
До крајот на откупот остануваат уште 20 тина дена. Неофицијално, најголем дел од неоткупениот тутун од ланската реколта околу 2 илјади тони, е во прилепско.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ванковска од Прилеп: шокирана сум-неизвесносно е дали воопшто ќе се одржат дебати на претседателските кандидати

Пела Редакција

Очекувањата на тутунарите не се исполнија, решението се бара во второстепената комисија

Гордана Цветаноска

(Видео и фото) Падна првиот снег во Прилеп. Каде треба вниматално да се вози?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе