30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Градскиот пазар во Прилеп,в понеделник – 23 ти март, нема да работи

Согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, Владата, Групацијата на пазари при Стопанската комора, и градоначалникот на Општина Прилеп, Јавното претпријатие Пазари Прилеп ги информира граѓаните дека на ден 23 март, понеделник, нема да работи.

– Прекинот на работа се должи на спроведување на неопходната мерка за чистење и дезинфекција, како продолжение на активностите кои општината ги презема за сите јавни површини во градот со цел превенција и заштита од ширење на корона вирусот. ЈП Пазари, соопштуваат дека Градскиот пазар во Прилеп ќе биде затворен само на ден 23 ти март, понеделник.

По реализација на дезинфекцијата, од страна на овластени стручни служби, Градскиот пазар во Прилеп , продолжува со работа од 24 март со вообичаено работно време, но со почитување на препораките од министерството за здравство за превенција од ширење на Ковид 19.

 

Би можело да ве интересира

Целосниот асортиман на Витаминка, изложен на Интерфуд & Дринк, Бугарија

Пела Редакција

Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Пела Редакција

Митрески: Прилеп може да биде енергетски независен!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе