16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Победа подобра и од Слога

Победа попладнево на Градскиот стадион во Виница го совлада домашниот тим на Слога со 2-0. И двата гола ги постигна искусниот Гешоски. Првиот погодок Гешоски го постигна со глава по центаршут на Наумоски, а вториот со ефектен пласиран удар од 20-тина метри.

Тренерот Крстески изведе два различни состави.

Победа прво полувреме: Котевски, Бунтески, С.Спиркоски, Петровски, Димитриески, Илиески-Кисески, Каралиоски, Ефремов, Ф.Спиркоски, Митрески и Анастасовски.

Победа второ полувреме: Котевски(од 75 мин Маркоски), Наумоски, Петкоски, Дамески, Колески, Анѓелески, Дунимаглоски, Андреески, Јошески, Симјаноски и Гешоски.

Следниот 4-ти контролен натпревар во подготвителниот период Победа ќе го игра во понеделник на 10-тти февруари од 12 часот со второлигашот Лабуништа во Охрид.

Би можело да ве интересира

Адамчески од младинскиот тим премина во сениорскиот тим на РК Прилеп

Пела Редакција

Бозароски:Основно во секој спорт е да има услови (Фото + Видео)

Никола Димески

Девојките на гости поразени, а РК Прилеп е лидер на табелата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе