23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Жена почина во пожар во Прилеп

Во пожар, во куќа во Прилеп,една жена почина, а две успеале навреме да се евакуираат. Пожарот избувнал изутринава, околу 8.30 часот на улицата „Никшичка“ број 10, а жртва е 72 годишната прилепчанка со иницијали О.С. Пожарот започнал од просториите на приземјето, а ќуќата имала уште 2 други ката. Жената којашто починала во моментот на пожарот се наоѓала во подрумот. ТППЕ Прилеп интервенирале со 4 возила и 11 пожарникари.
-Пожарот беше веднаш изгаснат, но жената беше почината. Успеавме за само неколку минути по пристигнувањето да спасиме уште 2 други жени од вториот кат со помош на пожарникарски скали, вели Пецо Димоски, командир на смена во ТППЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден малолетник-мотоциклист, во сообраќајка со автомобил

Тројца прилепчани повредени – возило излетало од патот

Казнети 72 возачи во Прилеп – полицијата апелира да се вози прописно

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе