11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Градска библиотека издаде библиографија за Коле Чашуле

„Библиографија за Коле Чашуле“ е насловот на новата публикација на градската библиотека „Борка Талеска“ од Прилеп, која што е идеален водич за натамошни истражувања за делото и животот на романсиерот, драматургот, литератот и публицист Коле Чашуле. Со ова дело вработените во градската библиотека всушност на некој начин ја збогатуваат и роднокрајната литература, бидејќи Чашуле е роден во Прилеп, овде го завршил основното образование. Тој е истакнат учесник во НОБ и член на партизанската единица којашто ја нападнала полициската станица во Прилеп на 11 Октомври 1941 година. Чашуле почина во Скопје 2009 година, но зад себе остави трајни споменици во општествениот и културен живот во државата.

Оттука овој труд на градската библиотека има уште поголемо значење. Содржи 510 содржини коишто се собирани минатата година од печатените медиуми, дневни, месечни и периодични весници и списанија. Сè до кое што успеале да дојдат вработените во оваа институција го собрале и систематизирале во ова дело. Најзначаен е придонесот на Каролина Крстеска ангажирана како составувач,уредник и редактор на делото.

Библиографијата излезе од печат на крајот на минатата 2017 година и е достапна на сите граѓани, коишто покажуваат интерес да дојдат до точна информација, што ќе им служи како водич во натамошните истражувања, посветени на делото и животот на нашиот сограѓанин Чашуле.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Протести на вработените од Еурокомпозит – едночасовна блокада на патот Прилеп – Градско

Гордана Цветаноска

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (56)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе