-3.2 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Од 18 март ќе може откуп на стаж до пензија

Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија.  Законот стапува на сила на 18 февруари, 2020 година, а ќе почне да се применува по еден месец, односно од 18 март 2020 година, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20 отсто од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија

Би можело да ве интересира

Уредување и санација на патиштата – приоритет во Крушево

Гордана Цветаноска

Во Крушево доделени уверенијата за градоначалник и членови на Советот

Елизабета Филипоска

Горивата поскапуваа од полноќ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе