13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

МНР: Да не се патува во Италија

Министерството за надворешни работи денеска објави препорака до граѓаните на Македонија да не патуваат во Италија поради состојбата со коронавирусот.
– Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со COVID-19 во Италија, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија. За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти, соопшти МНР.
Генералниот конзулат на Македонија во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.
За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].

Би можело да ве интересира

Прва средба на градоначалникот Јованоски со синдикалната организација на „Еурокомпозит “

Гордана Цветаноска

Денеска на Велики Петок Прилепчани масовно ги посетуваат црковните храмови

Елизабета Филипоска

Центарот на Прилеп се прилагодува за Пиво-Фест 2022

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе