2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Нема заразени со корона вирус во Прилеп, здравствените институции се подготвени и координирани

На иницијатива на републичкиот Центар за управување со кризи, вечерва одржа состанок Регионалниот кризен штаб со седиште во Прилеп на кој што присуствуваа градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Совет на општината Миле Талевски, директорите на здравствените институции и установи, ОВР Прилеп, ПТТЕ Прилеп и други раководители на општински и регионални служби. Состојбата со подготвеноста на здравствените институции и установи, полицијата, противпожарна служба и другите институции задолжени за регионалната безбедност за справување со корона вирусот беше централно прашање.

„Кризниот штаб констатираше дека во овој момент нема ниту еден заразен со корона вирусот и сите здравствени институции се координирани и подготвени за евентуални пациенти заболени од вирусот“, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски. При тоа, од состанокот беа упатени неколку заклучоци за состојбата со справување на институциите.

„Во консултација со раководителите и директорите на здравствените институции беше посочено дека треба да се прави епидемиолошката анкета на сите сомнителни случаеви кои што доаѓаат од средно и високо ризичните земји, од регионот на Италија, Франција и Германија. Сите граѓани кои што доаѓаат од тие земји мора да се јават во Центарот за јавно здравје, зашто ако евентуално има проблеми или симптоми на корона вирусот тогаш земаат брисеви од носот и од устата, се испраќаат во Институтот за јавно здравје во Скопје и пациентот се става во изолација, ако е од полесен карактер во домашни услови, а во изолација во собата во Инфективното одделение во Прилеп.
Имаме проблем со некотролирано доаѓање на граѓани во Прилеп од соседните општини Кривогаштани, Долнени, а особено од Општина Пласница од каде што голем број граѓани, пристигнале од Италија. Тоа неконтролирано доаѓање во нашиот град сакаме да го спречиме, да го превенираме. Дадовме предлог до МВР, до сообраќајната полиција утрешниот ден – сабота, како и недела и понеделник до одржувањето на состанокот на Советот за безбедност да имаме сообраќајна полиција на влезовите од овие општини. Целта е сообраќајната полиција да ги контролира сите овие граѓани кои доаѓаат од високо ризичните земји. Тоа би била безбедносна контрола и ќе се намали можноста за инфекција во контакт со жителите од општинава, изјави градоначалникот Јованоски по завршување на состанокот.

Разгледувањето на состојбата на регионално ниво со посебен акцент за моменталната состојба во регионот на трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани, беше во функција на најавената седница на Советот за национална безбедност в понеделник, најавен од претседателот Стево Пендаровски. И покрај поканата, на состанокот не присуствуваа градоначалниците на општините Кривогаштани и Долнени.

Би можело да ве интересира

Вода, пиво и ракомет

Пела Редакција

Ако дестинација Ви е Крушево – богата програмата за „10 дена Крушевска Република“

Елизабета Филипоска

ОД ДЕНЕСКА НА ДЕЛНИЦАТА ПРИЛЕП – КРУШЕВО – СЛАДУЕВО ПРОМЕНЕТ СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе