17.3 C
Прилеп
среда, 12 март, 2025
Пела Радио

Градоначалникот ги задолжи компаниите за итна дезинфекција на автобусите за превоз на вработените

Известување за ИТНО постапување согласно мерките за претпазливост и заштита на граѓаните на територијата на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус)

Почнувајќи од денеска, се задолжуваат сите стопански субјекти на територијата на општина Прилеп кои имаат обезбеден сопствен превоз за своите вработени, да се врши дезинфекција на превозните средства, повеќекратно во текот на денот и веднаш да се изврши редуцирање на редоследот на седење на вработените во автобусите, минибусите и останатите превозни средства со кои располагаат стопанските субјекти.

Во продолжение, се’ уште важат и ќе продолжат да важат мерките на претпазливост дадени од Министерството за здравство.

Оваа мерка стапува на сила веднаш, со цел да се заштити населението на територија на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус), се вели во соопштението на градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

Прекин на водоснабдувањето во Крушево, Комуна работи на резервоарот

Протести на Македонците во Канада

Гордана Цветаноска

ДСЗ кампања во Прилеп „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“ (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе