11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат COVID-19 на луѓето

Засега ,нема докази за докази дека животните (добиток и домашни миленици) можат го шират коронавирусот и нема потреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните. Наместо тоа, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животниво согласност со нормалната добра практика.

Од почетокот на глобалнaта појавa на коронавирусот (COVID-19), Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето.

Истрагите да се разбере епидемиологијата на COVID-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек. Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширење на COVID-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

Комеморација за Илија Велкоски – Ѕаната од прилепските социјалдемократи

Гордана Цветаноска

(Видео-Фото) “Prilep Special Show„ – фризерско шоу за кое уште долго ќе се прераскажува!

Елизабета Филипоска

Финансиска помош од Витаминка за 12 годишниот Марко Пејчиновски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе