5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Поквалитетна струја за „Три Багреми“

Двата милиони денари наменети за подобрување на квалитетот на ЕЕ во населбата „Три Багреми“ во Тризла, во Прилеп, веќе се пристигнати во касата на општината. Средствата се наменски и наскоро Општината заедно со ЕВН ќе се започне со реализацијата на иницијатавата за подбрување на квалитетот на ЕЕ во делот на населбата Тризла т.н „Три багреми“. Ова го соопштија градоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски и Министерот без ресеор Аксел Ахмедоски, кои заедно со пратеникот Самка Ибраимоски и извршниот директор на здружението РОМА С.О.С.,Несиме Салиоска, од чија иницијатива произлезе оваа идеја, одржаа координативен состанок, за понатамошните активност поврзани со ромската заедница.

Станува збор за неурбанизирана населба надвор од градот каде живеат 200 домаќинства и имаат проблеми со лошото напојувањето на ЕЕ .

„Со зафатите во мрежата кои ќе ги изврши ЕВН, ќе дојде до зајакнување на напонот на струјата, со што жителите од населбата ќе добијат квалитетна електрична енергија.“ истакна градоначалникот на Прилеп , Илија Јованоски

„Ова е моја прва средба со градоначалникот на Прилеп и она што заедно го планираме е реализација на локалните акциски планови кои произлегуваат од стратегијата за подобрувањето на состојбата на Ромите во РМ“, изјави министерот без ресор , задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во РМ, Аксел Ахмедоски.

„Сите овие активности се насочени кон подобрување на општата состојба на жителите од „Три багреми“ во делот на квалитетен пристап до ЕЕ. Станува збор за дел од нас.Тризла, “Три багреми“ која е надвор од урбанистичкиот план на градот и сите овие активности се однесуваа на подобрување на општата состојба на жителите од “Три Багреми“. Оваа прва фаза би била технички зафат на ЕВН за подобрување на квалитетот на ЕЕ. Но, веднаш треба да се размислува за  втората фаза од проектот, бидејќи сите оние домаќинства во “Три Багреми“ кои немаат легален приклучок за струја, ќе треба да се размислува за нивно приклучување во мрежата.“ – потенцира извршниот директор на здружението РОМА С.О.С., Несиме Салиоска

 

Реализацијата на зафатот за подобрување на квалитетот на ЕЕ во „Три Багреми“ ќе започне кон крајот на март.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец: Од 7 часот утринава Прилеп е подготвен за втората фестивалска вечер

Денеска, од 16 до 23 ч., тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат. Oд утре подигнувањето готовина од банки, по азбучен ред

Елизабета Филипоска

Украс на Прилеп – парковите на ООУ “Климент Охридски”

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе