14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Конфекцијата ,,Фалко” во Крушево од утре не работи. Крушево од утре со нови сет мерки

По потврдата од Центарот за јавно здравје  Прилеп дека во Крушево има две лица заразени со корона вирусот,  општина Крушево презема нови сет мерки

Фабриката за конфекција ,,Фалко” во Крушево од утре нема да работи, а вработените ќе бидат во самоизолација; Центарот за Јавно Здравје од Прилеп ќе вршат  испитување на други граѓани кои биле во контакт со заболените; Се забрануваат посети и собирања во групи од страна на граѓани кои вообичаено овој период во Крушево се групираат по куќни имендени;полициски службеници и патроли по населените места кои ќе преземаат соодветни мерки при поголеми собирања и непочитување за време на полицискиот час;

Сите граѓани кои имаат симптоми на покачена температура, кашлица, трески веднаш да се јават на матичните лекари, но и тие кои биле во контакт со потенцијално заразени или во контакт со лица кои дошле од странство. Да се избегнува самоволно самолекување со цел прикривање на настинка или евентуално вирусот. Граѓаните можат да го контактираат Центарот за јавно здравје Прилеп ,за одредени симптоми

Исто така, сите волонтери можат да се пријават на повикот на ОО Црвен Крст Крушево за помош на стари и изнемоштени лица. Општина Крушево во оваа акција учествува со помош од аспект на логистика.

На 15-ти март Општинскиот штаб за заштита и спасување одржа седница и донесе 14 заклучоци,во насока на спречувње на ширење на Ковид 19

„Општината ги презема сите неопходни мерки за превенција од ,корона вирусот како што е дезинфекција, набавивка на доволен број на заштитни визири, маски и ракавици со кои ги заштитуваме службите кои директно се изложени на ризик од инфицирање и заболување, птоа скафандери и друг тип на заштита“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Би можело да ве интересира

Пожар му се заканува и на Зрзе – Серијата пожари никако не е случајна!

Елизабета Филипоска

Тутунарите повторно на протест – бараат решенија за нивната мака

Гордана Цветаноска

119 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе