8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Уште еден возрасен прилепчанец (66 г.)почина од КОВИД 19. Регистриани 10 нови

Почина маж на 66 годишна возраст, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје .Тоа е трет смртен случај , како последица на коронавирусот во општина Прилеп

Регистрирани се 10 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 85;

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;

Хоспитализирани се вкупно 15 лица ,на Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ . Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика.

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

„Со љубов и книга за старите лица“ донација на литература од Градската библиотека во Домот за стари лица Киро Крстески Платник Прилеп

Гордана Цветаноска

Крушево вечерва будно за пожарите

Гордана Цветаноска

Забрана за движење во шуми

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе