10.9 C
Прилеп
сабота, 14 септември, 2024
Пела Радио

Крушево вечерва будно за пожарите

Неколкуте жаришта на пожарот се локализирани и состојбата е стабилна. Манастирот е безбеден и вечерва ТППЕ Крушево будно ќе ја следи состојбата. Благодарност за ажурноста на институциите и придонесот на сите волонтери, се вели во пораката која на фејсбук ја објави градоначалникот Томе Христоски.

https://www.facebook.com/tome.hristoski/videos/10219997121379602/

Од снимката се гледа дека попладнево неколку жаришта повторно се активирале на Бушева планина кај Крушево каде гори нискостеблеста шума. Во акцијата за гаснење на пожарот околу манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево, беа вклучени доцна синоќа беше локализиран и ставен под контрола, но во текот на денов повторно се разгоре.
Шумскиот пожар избувна во саботата, околу 11 часот над селата Арилево и Горно Дивјаци кај манастирот „Св. Преображение“. Во гаснењето интервенираат екипи на ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и ШС Липа од Крушево, како и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, припадници на АРМ и хеликоптери.

https://www.facebook.com/100012367146253/videos/769721026783462/

Би можело да ве интересира

Прилепски компании доброволно ќе шијат заштитни маски

Елизабета Филипоска

Два нови позитивни случаи на корона вирус во Прилеп

Тошески: до 17 ти месецов, самохраните родители да поднесат барање за финансиска поддршка од 4 тиот сет мерки (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе