Компанијата „Комфи -Ангел“ и покрај вондредната состојба, го одржав заедничкиот, месечен состанок. Но овој пат поразличен од сите претходни – физички дистанцирани, меѓутоа поблиску од кога и да било, солидарни меѓусебо и одговорни во реализирањето на филозофијата на компанијата, “Градиме компанија која што ќе постои после нас!“.
Ирена Јакимовска, директорот на компанијата Комфи Ангел , (овој пат преку аудиоснимка) им се обрати на вработени потенцирајќи дека како менаџерскиот тим , (особена таа) се воодушевени од поставеноста на вработените во Комфи – Ангел во оваа водредна состојба, од нивната стабилност и почитување на сите новонастанати услови, од виоката одговорност во реализирањето на поставените задачи, и пред се, поради тоа што го вработените го задржале сопствениот дух во реализирање на одржливоста на компанијата.
„Сите ние, во овие 15 -сет години од постоењето на Комфи Ангел даваме додатна вредност и ја градиме компанијата и затоа во моменти кога нас ни треба помош , таа застанува зад нас, и, само таков взаемен однос на почитување , може да вроди плод. Компанијата изврши целосна уплата на платата за месец март за вработените , солидарно, и спрема колегите кои што беа приморани да седат дома заради вонредната ситуација. “- ги информира Јакимовска своите вработени
На крајот на своето излагање таа им посака на вработените среќни Велигденски празници, да поминат квалитетно време во посветеноста на своето семејство и религијата, „здравје и многу весели моменти за време на празниците“-рече таа!
Вообичаено , претходниот добитник, Дарко Стојаноски го извлече новиот добитник на лотаријата за месец март, Валентина Јованова, а парите од солидарниот фонд, овој месец му беа доделени на Петре Димоски,за потребите на неговото семејство.
„ Честитаме, и само за убаво да си ги троши парите!“- искрено им порачаа од компанијата