8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

8 новозаболени лица во Прилеп -дезифекција на улиците по 15,оо ч

Денеска во општина Прилеп има 8 новозаболени лица од коронвирус. Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 284 лица. Во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час.

Веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните, во 15.00 часот, ќе започне и акција за дезинфекција на улиците и јавни површини во градот, при што граѓаните треба да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција и поголема ефикасност  на дезификцијата.

Би можело да ве интересира

Бербата привршува, се подготвува тутунската откупна кампања

Пела Редакција

Тешко повреден пешак во Прилеп

Пела Редакција

Александра Димитрова изложува во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе