1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Сугарески: Аеродромите остануваат затворени, граѓаните да не резервираат билети!

Состојбата со пандемијата на корона вирусот во Македонија го диктира темпото за релаксирање на рестрикциите кои важат и за врските на земјава кон странство со воздрушниот сообраќај. На прашање на Радио Пела кога двата аеродроми, во Скопје и во Охрид, ќе бидат отворени, и дали воопшто може да резервираат летови за доаѓање во татковината, министерот Сугарески го повтори апелот од пред неколку денови – граѓаните да не резервираат авионски билети.

– Во неколку наврати и Владата и јас дадовме соопштение и ја информиравме јавноста, а во оваа прилика сакам да упатам уште еден апел и да ги замолам граѓаните да не резервираат билети за летови, бидејќи Владата сеуште нема донесено одлука за пуштање на аеродромите. Ние, работиме врз база на она што ни го дава како предлог Комисијата за заразни болести, на Кризниот штаб се разгледува тоа, а понатаму и Владата носи одлуки. Така е и за отворањето на аеродромите. Разговарав и со директорот на ТАВ – штом се создадат услови, ние ќе ги известиме и ТАВ за да се направи целосно тестирање на пистите, се со цел да се користат аеродромите. Значи сеуште немаме таква одлука, чекаме што ќе предложи Комисијата за заразни болести, за да може да се донесе одлука за пуштање на аеродромите во целата држава, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Двата аеродроми „Меѓународниот аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се затворени за патнички сообраѓај од 18 ти март , откако владата ја донесе ваквата одлука за да се спречи внесувањето и ширењето на корона вирусот во земјава.

Би можело да ве интересира

И, Прилеп ќе добие апарат за магнетна резонанца најави министерот Филипче

Елизабета Филипоска

Пресметка меѓу Македонци и Грци на протестите во Мелбурн

Гордана Цветаноска

(Фото) Снежен Пелистер

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе