11 C
Прилеп
четврток, 17 април, 2025
Пела Радио

Од Прилеп регистрирани се нови 5 случаи со Ковид 19

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти, од кои најмногу – 7 во Прилеп, во Куманово-6, Штип-3, во Скопје-2, Кочани-2,Тетово-1, Струга-1. Почина еден пациент, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19.
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1, информира Министерството за здравство.
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.
Вкупно дијагностицирани со Ковид 19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски ја промовираше претседателската програма од Крушево

Пела Редакција

Утре ќе биде доделен мандатот на новиот градоначалник на Прилеп

Елизабета Филипоска

Време е за фудбал-Почнува светското фудбалско првенство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе