2.7 C
Прилеп
среда, 22 јануари, 2025
Пела Радио

Витаминка го прошири своето портфолио со три нови масла од брендот Брилијант

Прехранбената индустрија Витаминка ја надополни понудата со  три нови масла од брендот Брилијант. Покрај сончогледовото и Омега-3, отсега на пазарот се достапни и Extra virgin (ладно цедено маслиново масло), Помас маслиново масло, првенствено наменето за готвење и пржење и Микс од маслиново и сончогдледово масло, познато како салатно масло.

Станува збор за врвни масла добиени директно од маслинки со механичка обработка. Свежо собраните маслинки се по потекло од маслинови плантажи во близина на Атина. Маслото се одликува со светла и јасна зелена боја, како и богат вкус со кадифена текстура. Extra virgin (ладно цедено маслиново масло) е достапно во стаклено шише од 750мл, додека Помас маслиново масло и Микс од масла за салата се пакувани во 2л. пакување за домаќинства и 5л. пакување за ХоРеКа. Во краток временски период ќе бидат достапни и во пакување од 1л.
Студиите покажуваат дека масните киселини и антиоксиданти во маслиновото масло можат да понудат многу моќни здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од срцеви заболувања.
Екстра девственото маслиново масло какво што е Brilliant Extra virgin е најмалку обработен или рафиниран тип и се смета за најздрав вид маслиново масло.

Би можело да ве интересира

Витаминка на саемско претставување на Ануга 2023 во Германија

Витаминка избрана за најпосакуван работодавач меѓу македонските компании

Пела Редакција

(ВИДЕО) Ристеска: Климатските промени се реалност со кои традиционалното земјоделство не може да се справи

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе