25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Кочоски: Западот не признава „јас можам се’ да работам“ !

Мотивот на младата популација да замине од Македонија во странство не е воден само од материјалните придобивки, многу повеќе е тренд, вели Зоран Кочоски генерален менаџер и сопственик на „Коузон“, компанија за посредување при вработувања и привремени вработувања на млади и студенти во странство, во програмата „Убав ден“ за Радио Пела. „ Младите многу непоготвени одат на такви патувања или за таков еден авантуристички подвиг“,  вели Кочоски, зашто западот е суров, а животот во  било која европска или светска држава, наметнува прво потреба од промена на менталитетот.

– Втората работа која што е уште поважна и за која јас имам потешкотии да ја објаснам се работните квалификации. Младата популација бара работа, но без соодветни работни квалификации. Речиси секојдневно се случува млади да викаат „јас можам се’ да работам“, но западот тоа не го прифаќа. На запад не можете се’ да работите и да сакате. Можете да работите за она за кое ќе ве назначат и толку, ништо повеќе ништо помалку!

Разговорот во целост за тоа што нуди компанијата „Коузон“ проследете го во целост на следниот линк:

Би можело да ве интересира

Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп започна со издавање „бели картони“ за тутунопроизводство

Привршуваат градежните работи на клучката за ТИРЗ Прилеп

Прилеп во петте општини по бројот на згаснати фирми

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе