15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

На 17 мај започнува исплатата на субвенциите за тутун од ланската реколта

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, ќе почне во четврток 17 мај, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Платежната агенција во моментов ги подготвува решенијата по што ќе следува исплатата на субвенциите.
Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.
МЗШВ наведува дека годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.
– Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информира Министерството.
Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.
Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Би можело да ве интересира

За поголема контрола на терен – Министерството за енергетика отвора канцеларија на инспекторатoт во Прилеп

Тутунски откуп: земјоделците бараат фер проценка или протести, а министерот укинување на 4 класа

Витаминка воведува, скратeно работно време за родилките

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе