0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Јованоски: Мостот во сточен пазар ќе биде најголем и најубав во Прилеп

Продолжуваат градежните работи за реконструкција и доизградба на мостот во населбата Сточен пазар, откако се надминати проблемите со изведбата на поголема стабилност на објектот.Истата компанија која што ги започна градежните работи, а поради појава на вода прекина со активностите, ќе биде изведувач и на темелеењето на мостот, посочи градоначалникот Илија Јованоски, а проблемот ќе се надмине со современо техничко решение.

– Мостот ќе биде во должина од 24 метра и со широчина од 22 метри. Дополнително во должина од двете страни по три метра ќе има дооформување за поврзување со коловозот, така што мостот ќе биде долг 30 метри. Предвидени се 4 коловозни ленти, а на двете страни ќе има пашечки и велосипедски патеки. Реконструкцијата треба да заврши најмногу за 4 до 5 месеци, а вкупните средства кои што ги оддвои Општина Прилеп ќе бидат околу 35 милиони денари, односно 574 илјади евра. Се надевам дека за неколку месеци Прилеп ќе го добие најголемиот и најубавиот мост во нашиот град, рече Јованоски.

Првиот договор за реконструкција на мостот бил склучен на 30 милиони денари, од кои биле реализирани 21 милион денари, а вториот договор е во висина од 14 милиони денари. Бидејќи стабилноста за доизградба на мостот не можела да се постигне со т.н стопи, сега изведувачот, според проекциите, треба да постави 76 столбови – колови, со длабочина од 13 метри со цел да се обезбеди најголема сигурност и стабилност.

„Во моментов се врши фундирање на објектот, што претставува најпроблематичната фаза во изградбата на сите мостови, после кои почнува градењето на конструктивните работи, кои се одвиваат со побрза динамика. Овој мост е проектиран и дизајниран според најсовремените европски прописи. Сите останати мостови се работени според стари норми“, изјави Тоде Јовески, кој е задолжен за надзор над градежните работи.

Општината ќе ја рекуструира и улицата Трајко Николоски, а градежните активности ќе започнат кога ќе се комплетира изградбата на мостот за што е подготвен соодветен проект.

Би можело да ве интересира

Три дена Прилеп во акција за чистење на дивите депонии

ДИК: 36,56% излезност во дијаспората, а 64,69% во казнено поправните установи

Гордана Цветаноска

Jа нападнал сопругата, употребил тврд предмет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе