16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Нов асфалт за „Самоилова“ и „Војводинска“ во населба Точила

Градежни активности се изведуваат на улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ во населба „Точила„, Денеска, градежните екипи започнаа со асфалтирање на ул. „Самоилова“, во должина од 1,4 километри.

Паралелно,  пак, на „Војводинска“ се работи на отстранување на стариот слој на асфалт и се прават неопходните подготовки за асфалтирање на улицата во должина од 700 метри.

Двете улици кои ја поврзуваат населбата Точила со останатиот дел од градот, беа во лоша состојба и со голем број на ударни дупки. Со нивната реконструкција, улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ добиваат целосно нов лик, а граѓаните на Прилеп добиваат две новоасфалтирани улици по сите современи стандарди, во вкупна должина од 2,1 километри – информираа од локалната власт на Општина Прилеп

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп 2 нови случаи позитивни на корона вирус

Гордана Цветаноска

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Пела Редакција

Тутунски комбинат Прилеп ќе плаќа 330 денари наместо досегашните 300 денари за килограм тутун

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе