Министерството за здравство информира дека денеска, 19 ти мај, Институтот за јавно здравје регистрирани 50 оздравени пациенти, од кои 6 мина се од Прилеп, а најмногу од Скопје (16), Тетово (15) и Куманово (10). Од другите градови регистрирани се по еден оздравен пациент од Велес, Крива Паланка и Валандово.
Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени од корона вирус.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 16 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, од нив двајца се негативни на КОВИД-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати. Вкупниот број на активни случаи изнесува 59, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување. Во самоизолација во Општина Прилеп се наоѓаат 158 лица.Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.
Денеска, од опасната заразна болест починаа двајца пациенти, во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.
Вкупната бројка на Ковид 19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.