14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Користење на обновлива енергија за заштита на животната средина визија на Прилеп

ЈП „Пазари“-Прилеп

Во соработка со Пелагонискиот плански регион, Општина Прилеп го реализираше проектот „Подобрување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион, преку искористување
на обновливи извори на енергија“, при што на Градскиот пазар и Дневниот центар за лица со церебрална парализа, беа поставени две фотоволтаични централи со моќност од 16 киловати.

„Продолжуваме со мерките за заштита и подобрување на животната средина во градот и општината. Целта е со поставување на двете фотоволтаични централи во Прилеп,  да се придонесе кон заштита на животната средина “- истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

 

„Вредноста на проектот е 3.3 милиони денари кои се обезбедени од Министерството, со учество и на локалната самоуправа на Општина Прилеп. И , понатаму ќе поддржуваме проекти за заштита на животната средина, бидејќи со овој проект во Прилеп, Пелагонискиот регион ќе биде заштитен од испуштање на минимум 56.000 килограми CO2, а ЈКП ‘Пазари’ и Дневниот центар за церебрална
парализа ќе направат заштеда на средства за потрошена електрична енергија“, потенцираше министерот Милевски.

 

Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Прилеп

„Овој проект го реализиравме со Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој, а иницијатор и најзаслужен за реализацијата на проектот е градоначалникот на општина Прилеп. Во 2019 година имавме одобрено проекти од околу 40 милиони денари за целиот Пелагониски регион, во кој беа вклучени сите 9 општини. За оваа година имаме одобрено проекти во висина од 38 милиони денари, а секако дека тука е вклучен и Прилеп со набавка
на едно комунално возило за собирање на отпад“, рече директорот на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.

Би можело да ве интересира

Непрописно паркираните возила создаваат проблеми за чистење на улиците и тротоарите

Гордана Цветаноска

Прилеп го одбележа “Виолетовиот ден“ за поддршка на лица со епилепсија

Гордана Цветаноска

Еко-свест: Гасниот интерконектор со Грција-наместо обновливи извори ќе донесе нов фосилен господар!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе