-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Градскиот пазар в сабота е отворен (од 7 до 14 часот)- градските гробишта се затворени

В сабота градскиот пазарот ќе биде отворен за купувачите и продавачите на земјоделски производи,а градските гробишта се забранети за посета ,поред владините препораки и мерки  Петок е неработен ден поради празникот Задушница, а од утре во 21 часот до понеделник се забранува посета на гробиштата на територија на целата држава,  освен во случај на погреби.

„Саботниот пазарен ден ќе биде спроведен согласно сите протоколи за заштита од коронавирусот. Работното време на пазарот ќе биде од 7 до 14 часот. На секој од 5-те влеза на пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, ќе има редарска служба и на сите купувачи кои немаат заштитни маски ќе им бидат доделени на влезовите. Ниту еден граѓанин без заштитна маска нема да биде пуштен во градскиот пазар.“- истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на денешната прес конференција

Но, отанува забраната  за посета на градските гробишта за време на голмиот христијански празник „Духовден„

„Имајќи ја во предвид одлуката на Владата за забрана на посета на гробиштата на територијата на цела држава, која ќе важи од денеска од 21 часот до понеделник до 05 часот, во координација со ОВР Прилеп и ЈКП Комуналец ќе ги превземиме сите потребни активности за во целост да биде испочитувана и спроведена владината мерка.„- рече Јованоски

Што се однесува до останатите мерки ,на  земјоделците им дозволено движење во рамките  атарот на селата, исклучително само за земјоделски активности, лицата со посебни потребни во придружба можат да се движат доколку имаат соодветна документација,а за економските оператори и за работата организирана во смени во сила остануваат да важат сите издадени дозволи за движење во време на претходните забрани за движење кои беа воведени.

Би можело да ве интересира

Благодатниот оган слезе во Ерусалим! Христос воскресе!

Петта по ред победа на ЖФК Деспина

Гордана Цветаноска

Муслиманите започнаа со славење на Рамазан – време за пост, богослужба и милосрдие

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе