5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Земјоделците да ја пријавуваат штетата од невремето во Општина Прилеп

Сеуште нема првични сознанија за тоа колкави се штетите и колкави земјоделски површини беа опфатени од вчерашното невреме во атарот на селото Канатларци и соседните села, каде најголема беше ударната сила на вчерашното невреме од град и пороен дожд. Се знае дека штетата е огромна зашто најголемиот дел од земјоделското производство е во целост уништено. Во посета денеска за увид во состојбата и средба со земјоделците од регионот беше делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, раководителот од подрачната единица на Министеството за земјоделство и советници.
– Од денеска граѓаните жители од овој регион ќе може да поднесуваат барање со потребните документи до пријавното одделение на Општина Прилеп за потоа комисијата да ги направи проценките на штетите, потенцираше градоначалникот Јованоски.
Советникот Жарко Северкоски ги информираше земјоделците дека веднаш по доставувањето на барањата посебната комисија за проценка на штети ќе излезе на терен за да се направи согледување на состојбата.
Силниот град предизвикаа штети на градинарските култури, тутунот, како и житните култури кои беа во фаза на созревање пред жетва Поројниот дожд пак кој наврна за краток период предизвика излевање на каналската мрежа и поплави на земјоделското земјиште, што направи дополнителни штети. Според жителите на ова населено место станува збор за катастрофални последици во земјоделското производство. Тутунското производство е во целост уништено, бидејќи од тутунот останале само страковите, а не помалку штета има и на бостанот по кој што населеното место Канатларци е препознатливо.

Би можело да ве интересира

Прилеп бележи пораст на новозаболени од корона

Гордана Цветаноска

Прилеп конечно доби проект за нов театар

МВР апелира на претпазливост во комуникацијата со непознати лица!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе