5.1 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Од петок 26-ти јуни отворени границите, од 1 јули аеродромите и нема тестови и изолација

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата денеска донесе Одлука од 1 јули 2020 година, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

Исто така, од петок, 26 јуни, угостителските објекти  можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа. Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

“ За сите овие одлуки, до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки“- пишува премиерот ,Оливер Спасовски на својт фејсбук профил

Би можело да ве интересира

Дали вакцината Астра Зенека е безбедна?!

Елизабета Филипоска

Нови 2 случаи позитивни на Ковид 19, затворена текстилна фабрика

Гордана Цветаноска

Швајцарската донацијата на респиратори се распределува во македонските болници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе