29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец превезувал огревно дрво без документација

Прилепчанец превезувал нежигосани дрва, полицијата го фати и го уапси. Во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола, денeскa привеле 32 годишен прилепчанец осомничен дека превезувал дрва без соодветна документација.

„Уапсениот бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Во прилепскиот театар се подготвува „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец

Лукароска: Изградба на два кружни тека

Клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2024“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе