9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

20 години “Матадор 2002 ”најсовремен салон за автоделови во Македонија

Значаен јубилеј  бележи  најреномираниот салон за продажба на авто делови “Матадор 2002 ” – Прилеп, 20 години постоење на пазарот за Авто делови . Тоа значи 20 години активна и професионална работа,20 години градње на доверба, 20 години квалитет и задоволни клиенти.

Препознатлив бренд на пазарот за автоделови „Матадор 2002„ -Прилеп започнува како  мал бизнис и со годините прераснува во бренд број еден со најсовремен салон за автоделови во Македонија, простран , на површина од 650 м2 и со повеќе од 15.000 резервни делови во својот асортиманот за сите типови возила.

 

Висок избор на резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, моторни масла, автокозметика и галантерија од секаков вид, се дел од единствениот и уникатен и богат асортиман на производи кои можете да ги најдете во  салонот , лоциран на улица “Андон Слабејко” бр 41,  после поранешната фабрика “Борка Левата”.

 

Во салонот за автоделови на „Матадор 2002„  ќе пронадјете најширок опсег на услуги за поправка на тркала и гуми: од визуелен преглед до утврдување на проблемот , до целосно закрепнување. Дополнително, при испорака на тркалата и гумите, „Матадор 2002„ нуди бесплатна монтажа, а задоволните клиенти само потврдуваат дека за својот автомобил можат да најдат се’  на едно место само  во салонот за автоделови “Матадор” кои за нив постои и е со комплетна услуга веќе две децении.

Оние кои го посетиле салонот на „Матадор„ ќе се почуствуваат како да се во аптека. На полиците е се’  подредено со внимание, љубов и знаење. Таму до најмалиот детал има се’ за возила, а професионалниот однос кон купувачите  им е препуштен на вработените кои тука се за во секое време  му помогнат на секој возач.

Затоа возачите 20 години го бираат “Матадор 2002” како заштитник и чувар на нивните  возила, бренд со кој Прилеп и регионот се гордее.

Наш комерцијален текст

Би можело да ве интересира

Божичен ручек за 500 деца

Вечер на староградска музика „Звуците на градот“

Руската амбасада го одбележа Денот на сеќавањето во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе