7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушевчанец ќе го носи знамето на ЗОИ – Македонија со тројца претставници во ПјонгЧанг

Од 9ти до 25ти февруари оваа година во Пјонгчанг ќе се одржат 23те Зимски Олимписки Игри. На овие игри Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти.

Крушевчанецот, Ставре Јада ќе не претставува во Крос кантри во дисциплините спринт и 15. км. Јада освои А норма.Воедно тој ќе биде знаменосецот на ЗОИ.

Во Алпско скијање ќе не претставува Антонио Ристевски кој ќе настапува во дисциплините слалом и велеслалом. Ристевски за овој турнир обезбеди,исто така, А норма.

Единствен женски претставник во трочлената натпреварувачка експедиција ќе биде Викторија Тодоровска која ќе настапи во Крос кантри во дисциплината 10 км.

Македонската олимписка делегација заминува за ПјонгЧанг на 7 февруари 2018 година, а денеска во МОК беше одржна свечената презентација.

Спортистите ќе бидат сместени во две олимписки села и тоа ПјонгЧанг (каде што ќе бидат сместени македонските спортисти) и Гангнеунг.

На 23-те зимски Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.

Следните зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, НР Кина, во 2022 година.

Преземено од supersport

 

Би можело да ве интересира

РК Прилеп сеуште на дофат до сигурен опстанок во Супер лигата

Пела Редакција

Против Шкупи Победа со 5 нови засилувања

Без примен гол – до шампион на Македонија !

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе