24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ДЕСПИНА ГО СОВЛАДА ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – 21:29 (12:13)

Ракометарките на Деспина, на гости, против екипата на „Овче Поле“ славеа победа .А, ракометаркит на Оцче Поле, ниту во десеттото коло не успеаја да стигнат до првите поени во Женската лига  и досега се без бод. Деспина го совлада противникот со убедливи 21:29.

Овој дуел меѓу две екипи од долниот дел на табелата мина во комплетна доминација на екипата на  „Деспина“. Гостинките тргнаа силно уште на стартот, но и покрај малото враќање во игра од Овче Поле, Деспина беше тимот со предност по првите 30 минути.

Во вториот дел, мотивираноста на домаќинките падна, а истото Деспина успеа да го искористи и да дојде до 11:1 со што мирно им се препушти на последните минути од натпреварот.

За ЖРК ДЕСПИНА настапија: Димитриеска, Боризоска 1, Е. Рипилоска, Ристеска, Камческа 5, Крстевска 2, Цветкоска 1, Ристеска, Димитрова 3, Богеска, Конеска, Камческа 7, Седлоска 2, Л. Рипилоска 8.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По 15ти пат во Прилеп се одржува меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој – Цевитана Куп 2025″

Честитки за РК Прилеп! Прилепчани и идната сезона ќе гледаат суперлигашки натпревари

Крушево домаќин на уште еден спортски меѓународен настан

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе