11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Без примен гол – до шампион на Македонија !

Со 8 победи на 8 натпревари без примен гол , а постигнати 29, младинската женска фудбалска екипа Деспина се ШАМПИОНИ ЗА СЕЗОНАТА 2019/2020 во Младинската женска фудбалска лига.
Одлична сезона на девојките предводени од Катерина Милеска
е завршена со 8 победи по ред, без ниту еден пораз и нерешен натпревар во лигата со инпресивна гол-разлика од 29:0.
Одлуката е на Управниот одбор на ФФМ која што меѓу другото се однесува и за прекин на сите фудбалски првенства во женски фудбал, а прилепската младинска екипа е прогласена за шампион во сезоната 2019/2020.

-Овој наш успех е благодарение на долгогодишната успешна работа на Катерина Милеска со овие талентиран и желни за фудбал девојки.
Уште еднаш на дело се покажа дека каде што е спонзор Витаминка,таму се и успесите,на кои неизмерно им благодариме за поддршката на овој проект женски фудбал во Прилеп, велат од таборот на прилепчанки.

Сениорската екипа по прекинот на првенство 2019/2020 заврши на третата позиција што одличен резултат за екипа која што само втора сезона е на фудбаската сцена во македонакиот женскиот фудбал. Младинскиот состав предводен од Милеска тргнува по стапките на сениорките кои одиграа одлична сезона во првенството а се очекува да бидат уште посериозен конкурент во лигата и во новата сезона.

Женскиот фудбалски клуб Деспина уште пред почетокот на престојниот шампионат во своите редови го доведе најзвучното македонско фудбалско име Драгана Костова.

Би можело да ве интересира

ФК Победа има нов генерален секретар

Втор ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“- РК Прилеп го забележа вториот пораз

Елизабета Филипоска

Во тек пријавувањето за Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе