30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Бутел пресилен за Прилеп

Новиот ракометен суперлигаш Бутел беше пресилен за екипата на Прилеп. Со убедлива победа од 31-18 домаќинот славеше над прилепчани. До оваа убедлива победа ракометарите на Бутел стигнаа најмногу благодарение на проблемите со лиценците на дел од ракометарите на прилепчани, кои на овој дуел играа со само осум ракометари. Прилеп целиот меч го одигра со шест ракометари во поле и двајца голмани
Домаќинот уште од самиот старт по само 10 минути игра успеа да постигне десет гола, а да прими само еден. Разликата се зголемуваше како одминуваа минутите па тренерот Котевски им даде шанса на сите расположени ракометари.
Најдобри поединци во победничката екипа беа Жегарац и Георгиевски со по пет гола, додека Чупетрески постигна скоро половина од головите за Прилеп (8).

Би можело да ве интересира

Започна пролетниот дел од сезоната во пинг понг со организација на неколку турнири (ФОТО)

Никола Димески

Дури, пет прилепски момчиња се дел од македонската кадетска репрезентација

(ВИДЕО) РК Прилеп убедлив против Куманово, конечни 28:23

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе