2.1 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео) Мицкоски од Прилеп потенцира дека никогаш нема да коалицира со Заев

„Што коалицијата нуди за да ја освои довербата од граѓаните“ Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Прилеп .Тој  рече дека како партија организирале настани низ државата, од каде собрале идеи, а во партијата работеле со многу експерти за изработка на програма од 360 страници, со внимателно изработени над 1.000 проекти, мерки и политики.

„Во Македонија луѓето се разочарани од власта и суровата реалност што  се случува изминативе 3 години. Тешко се живее, младите брзаат да ја напуштат Македонија. Тоа е сликата која ја добиваме од граѓаните со кои се среќаваме. Колаицијата за Обнова на Македонија има поддршка. Чувствувам дека во Прилеп ќе постигнеме историска победа – изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денес на прес конференција на Паркот на револуцијата во Прилеп.

Лидерот на најголемата опозициона партија потенцираше дека не планира никогаш да направи коалиција на Зоран Заев кој на едно телевизоско гостување истакна дека ќе му даде на ВМРО-ДПМНЕ одреден број пратеници да ни бидат условувани од никого.

„На тоа по малку комично соочување, кажа 13 пратеници дека му се потребни на ВМРО-ДПМНЕ, а он би дал ако не се лажам 5 или 8, алудирајќи на математика на него само што му е позната. Инаку јас до денес сум прилично вешт во математиката, не можам да се сетам што сакаше да каже, но тоа го зборуваше господинот Заев, ќе дојде овде во Прилеп и ќе можете него лично и директно да го прашате. Но јас со луѓе за кои што постои основано сомневање за сторен криминал немам намера да коалицирам. Еден од тие ликови е господинот Зоран Заев“, истакна Мицкоски, најавувајќи го вечерашниот собир во центарот на Прилеп од 20.30 часот.

 

 

Би можело да ве интересира

Се асфалтираат градските улици – се крпат ударните дупки

Kои прилепчани ќе се најдат на пратеничките кандидатски листи?!

Елизабета Филипоска

Илиоски праша на прес: „Зошто градот ни се најдува секојдневно во вестите од црната хроника?„

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе