-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Нема поголема битка, од битката за своето дете! Донација за Матеј на следните броеви

За корисниците на Телеком:   143 119
За корисниците на А1:              143 484

По собрани средства од хумани луѓе и донатори, на Матеј Алескоски му беше опepиpaна левата нога, односно тетивата. Операцијата ја извршија лекари од соседна Србија, во болницата “Медикус” во Чуприја. Но, сега на Метеј му е потребна итна рехабилитација во Негорски бањи, кое опфаќа три третмани , што чинат по 1.000 евра.  Фондот за здравство на Македонија не ги одобрува овие средства , бидејќи детето било оперирано во друга земја. А,  семејството Алексоски кои живеат во трошна куќа под кирија , немаат средства , но имаат силна вољја и родителска упорност и битка, детето да го „кренат на нозе„.

“Кога се вративме од опеpaциja од Србија, по неколку дена Матеј ги мрда прстите на нозете. Тоа беше прв пат да ја има таа реакција. Беше пресреќен, а и ние со него„ – со радосен глас ни раскажа таткото Игор – „ Но, сега ни требаат средства за рехабилитација ,за да мојот син да застани на свои нозе. Неме друг излез како родители!  Повторно веруваме во хуманите луѓе,  повторно бараме помош , иако некогаш одам и со наведната глава, бидејќи постојано бараме средства. Но, што да правиме?!  „-  вели таткото Игор

Но, вистината е таа ! Нема поголема битка, од битката на родителот за своето дете. А, нема поголема радост на еден родител,  да го гледа своето дете радосно и среќно. Кога гледа човек во своето дете  знае дека  постои, дека има за што да се бори, за што да моли, за што да се жртвува. Таква е и оваа раскажана приказна.  Да ја направиме, да стане приказна со совршен и среќен крај, со помш на хуманите луѓе.

Инаку, 12 годишниот Матеј Алексоски од Прилеп боледува од цepeбрална пapализа. Медиумите, хуманите луѓе и организации, допринесоа да се соберат средства за неговата операција , а сега сите заедно, во битка за негова рехабилитација, зашто секој деттски живот е вреден!

Со среќа, Матеј!

Жиро сметка на која можете да ги донирате вашите донации: 200001992069107 – Стопанска Банка АД Скопје, или контактирајте го таткото на Матеј на тел: 076/665-146

Би можело да ве интересира

Прилеп во чест на Денот на руралната жена

Гордана Цветаноска

Извидниците „Од срце за Вики! “- во хуманитарна акција

Елизабета Филипоска

Се најдов среде бура, сведоштво за лекувањето од Ковид 19 на Еленче Ташкоска, претседател на Советот на Општина Прилеп (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе