Делегации од локалната власт, преставници од кабинетотот на Претседателот на државата, од Министерството за одбрана, политчки партиии, здруженија на граѓани, во присуство на членовите на семјствата на загинатите 10 прилепски бранители во конфликтот 2001 година, денеска пред спомен одбележјето „Карпалак“ во центарот на Прилеп, на кои со златни букви се изрезани имињата на Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Велјаноски ,се поклонија и полижија свежо цвеќе во сеќавање и чест на хероите
Градоначалникот на Прилеп истакна дека имињата на Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Велјаноски, вечно ќе останат во колективната меморија на прилепчани , но и на сите останати кои си ја сакаат татковината
„Тој 8-ми август 2001 година, 10 прилепски семејства изгубија синови, браќа, татковци, сопрузи. Поклонувајќи се пред нивната саможртва, наша должност, и како политичари но и како одговорни граѓани, е да направиме се’, никогаш повеќе да не се повтори злото од 2001 година, да не дозволиме да се вратат сеништата од минатото.Со полноправното членство во НАТО, направен е огромен чекор напред во обезбедувањето сигурни и безбедни граници, како и внатрешна стабилност на државата. Но НАТО не е само гарант на мирот, туку и можност за економски развој и повисок стандард на граѓаните, што пак ќе биде главна придобивка после почетокот на преговорите со Европската унија.Истовремено, целиот свет е соочен во битката со невидливиот и подмолен непријател, пандемијата на Ковид-19, која не не’ одмина ниту нас. Само обединети, со почитување на препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, убеден сум дека ќе го надминеме и овој предизвик и дека од целата ситуација ќе излеземе уште посилни. Победата над пандемијата, исто како и одржувањето на мирот и безбедноста и обезбедувањето услови за пристоен живот, им го должиме и на оние кои во скорешното и дамнешното минато ги положиле своите животи на браникот на татковината, но и на генерациите кои доаѓаат. “- рече прилепскиот градоначалник, пред присутните.
Честувањата за Карпалак започнаа од синоќа со положување на свежо цвеќе на спомениците во гарнизонот ,,Мирче Ацев” и ,,Лениште” близу манастирот Света Петка од бројни делегации и од членови на семејствата од загинатите по повод 19 годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители на Карпалак.
Во поновта македонска историја , масакрот кај Карпалак ќе биде забележан како најброен масакр врз војници во воениот конфликт, во 2001 година. Настанот се случи утрото, на 8 август 2001 година, кога 10 прилепски резервисти беа убиени, а тројца ранети , вомоментот кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна ода кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.