16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Донација од Витаминка за децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и во Битола

Децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола добија предновогодишно изненадување од Витаминка. Новогодишните пакетчиња беа доставени во просториите на Заводот во Скопје и во Битола, каде дополнително ја збогатија празничната атмосфера. Од компанијата велат дека новогодишните празници се најголема радост за децата и затоа секое дете треба да ги почувствува оваа радост и задоволство.

„Донацијата на новогодишни пакетчиња во Витаминка стана традиција којашто секоја година ја спроведуваме со посебен фокус на децата од социјален ризик или децата со посебни потреби. Ова произлегува од нашата политика како општествено одговорна компанија да помогнеме онаму кај што е најпотребно и да
придонесеме за секое дете да го почувствува задоволството и радоста на новогодишното дарување. Затоа со нашите донации се трудиме да опфатиме што повеќе децата и од целата држава“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје се згрижени 80 деца, додека пак во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, 35 деца. Во овие две здравствени установи се третираат пречките во говорот, слухот и гласот кај децата од целата држава.

Би можело да ве интересира

Активација на ранливи групи на пазарот на трудот – проект на Агенцијата за вработување

Донација заштитни маски од турска компанија за крушевчани

Елизабета Филипоска

ООУ „Добре Јованоски“ доби мултифункционално игралиште и две опремени училници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе