Прилеп денеска (вторник 25-ти август) има 15 нови случаи на коронавирус, информираат од Центарот за јавно здравје -Прилеп . Оваа бројка ги загрижи надлежните ,па поради зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19 во општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски за утре, среда 26 август, свикува седница на Општинскиот кризен штаб, со цел да се откријат причините за ваквото зголемување од КОВИД 19 , бидејќи Прилеп повторно се качува на врвот на листата на заболени лица во Македонија .
Инаку ,бројот на активни случаи изнесува 77, од кои 63 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување/ Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 173 лица,а вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата се зголеми на 414.