-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Запалил обложувалница и сам се пријавил во полиција

Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 26-годишен прилепчанец, за коj, постои сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност.
Осомничениот на 31 август, околу еден часот по полноќ со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од милион денари во обложувалница во Прилеп.
Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска пумпа, ставајќи го во пластично шише, па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 1 часот.
Се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол поголеми камења и скршил едно од стаклата покрај влезната врата.
Потоа влегол во обложувалницата и бензинот го истурил во објектот, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата.
Додека бил во внатрешноста, со кибритот кој што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар.
Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот.
За осомничениот судот определил притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

За еден ден санкционирани 29 возачи поради брзо возење

Со тешки телесни повреди се здобил млад прилепчанец моторциклист кој се судрил со автомобил на раскрсница

Пела Редакција

Mу одзеле околу илјада евра за интернет уплати

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе