-0.4 C
Прилеп
среда, 5 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепчанки играат „лудо“ и „газат“ се прeд себе. ЖФК Деспина Прилеп – ЖФК Шкупи 11:0

Не станува збор дали победиле. Тоа веќе е познато во оваа натпреварувачка сезона. Станува збор само со колку.  Од читирите натпревари, нивната победа е како да играат ракомет, а не голем фудбал, и е со двоцифрененка бројка на голови во противничката мрежа. ЖФК Деспина – Прилеп играат неверојатно оваа сезона и “газат„ се пред себе.
Овој пат нивниот противник ЖФК Шкупи,  од скопски Чаир, немаше шанса да се доближи до голот на прилпечанки, дури постигна и два автогола, па само ја надополнија својата  мрежа со сопствени сили.
ЖФК Деспина Прилеп- ЖФК Шкупи 11:0(3:0). 
Од стручниот штаб велат дека победат била очекувана со оглед на тоа што Шкупи е „новајалија“ и неискусна екипа во првенството.
Стрелци: Ангела Стојкоска⚽️⚽️⚽️ ( 3), Кате Милеска⚽️⚽️⚽️ (3),по еден Сара Петреска⚽️ , Анастасиа Илиевска ⚽️, Катерина Милевска⚽️, Автоголови на Шкупи⚽️⚽️
Со оглед на ситуацијата на терен, овој пат на натпревар на домашен терен , можност за игра добија  и помладите фудбалерки кои ја искоростија својата шанса со одлична игра и залагање и потврдија дека женскиот фудбал во Прилеп нема да згасни ,туку има можности да се развива.

Би можело да ве интересира

Победа обезбеди опстанок во Втората лига

Победа подобра и од Слога

Гордана Цветаноска

Победа минимално поразена во Штип од Вардар (0:1)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе