-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Почина Прилепчанката со „кадифен глас“, Нина Спирова

Родена е во Прилеп, 1938, а почнала да настапува од 16 години. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ .

Нина Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 1980-те години. Во тоа време од Скопје се преселила во Белград и Загреб, подоцна живеела во Германија, па во Филаделфија.

Нина Спирова (26.11 1938, Прилеп – 12.09 2020)

Учествувала на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други. Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ .Со „Еден бакнеж“ на композиторот Петар Пешев учествувала на фестивалот Опатија во 1962 и добила прва награда.  Овој евергрин беше носечка музичка тема во филмот „Сенки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Еден од најголемите евергрини кои секогаш ќе нè потсетуваат на Нина е хитот „Еден бакнеж“.

„Песните кои ги испеа Нина Спирова, остануваат да живеат и да сведочат за нејзинот прекрасен глас и вонредни музички квалитети. Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, до семејството на Нина Спирова, упатуваат изрази на длабоко сочувство.„- пишува во дел од пораката на градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, упатена до семејството на Сприова.

Би можело да ве интересира

70 години списание „Стремеж“

Пела Редакција

Елена Андоновска : Музиката ја пренесувам онака како што ја доживувам (ФОТО + ВИДЕО)

Никола Димески

Божидар Николовски – големо освежување на македонската музичка сцена (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе