-2.7 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Државна помош за ВИК во ТИРЗ Прилеп, за вработување на 100 лица

Државна поддршка во вредност од 2,5 милиони евра, за вториот инвестициски проект денеска доби компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Прилеп. Компанијата предвидува да се вработат нови 100 лица.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб.

„ВИК Македонија“, работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата. Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош. Во ТИРЗ Прилеп веќе имаат реализирано инвестиција до 10,5 милиони евра во која во моментов работат 250 лица.

Би можело да ве интересира

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп

Тутунари: Анти ковид пакетот е многу задоцнет и неефективен

Гордана Цветаноска

Ќе биде весело – фестивал на пиперката во Кривогаштани на 27 ми август

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе